Десетици балони влегоа во литванскиот воздушен простор, принудувајќи ги властите да го затворат аеродромот во главниот град Вилнус неколку часа во недела, 6 октомври.
Националниот центар за управување со вонредни состојби (NCMC) соопшти дека се откриени 25 метеоролошки балони кои влегуваат во Литванија од соседна Белорусија, при што два од нив доаѓаат директно над аеродромот, според Би-Би-Си.
Најмалку 11 од балони превезувале 18.000 пакувања цигари наменети за црниот пазар, соопшти царинската гранична служба на Литванија.