Летото сè уште не е завршено. Според долгорочната прогноза, се очекува уште еден силен топлотен бран кон крајот на втората декада од август.
Според најновото ажурирање на прогностичките модели (Европскиот модел ECMWF и Глобалниот модел GFS), во првата седмица од месец август, односно, во периодот од петок (1 август) до следниот четврток (7 август) во Македонија ќе имаме нестабилно, посвежо и променливо време со почеста појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и со услови за појава на град, се вели во најновата прогноза на Метеоаларм.
Што се однесува до температурите, наутро тие би се спуштале во интервалот од 10 до 19 степени, додека преку ден тие на повеќе места ќе бидат под 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели од Македонија температурите ќе се искачуваат до околу 35 степени, што значи дека пред нас е посвежо, односно по пријатно време, а наутро и значително посвежо.
Под влијание на посвежа воздушна маса од север, во првата седмица од август ќе имаме потпросечни температури на воздухот во Македонија, но и во целиот регион.
Ако ова заладување ќе донесе олеснување, летото сè уште не го кажало својот последен збор. Според српскиот аматерскиот метеоролог Иван Ристиќ, се очекува уште еден сериозен топлотен бран во втората половина на август.
Според неговата прогноза, врвот на топлотниот бран се очекува повторно помеѓу 15 и 25 август, кога температурите повторно ќе достигнат 40 степени Целзиусови. Ристиќ истакнува дека овој бран на африкански топли воздушни маси би можел да трае од седум до десет дена, но додава и дека веројатно ќе биде последниот топлотен бран за ова лето.
Иако тогаш сè уште ќе биде екстремно жешко, поради календарскиот премин кон есен, се очекува интензитетот на топлината да биде нешто поблаг во споредба со претходните бранови што соборуваа рекорди.