Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ побара по тој повод да се јават и да реагираат градоначалникот на Општина Кичево, Фатмир Дехари, Општината или која било од надлежните институции кои, како што велат, се должни да ја информира јавноста и да го осудат делото.

– Неколку дена – ништо. Молк. Како сѐ да е нормално. Како да е прифатливо да живееш во град опколен со отров и оружје. А на улиците на Кичево, пред очите на луѓето, животни умирале во мака, гушејќи се во сопствена крв и повраќаница, во близина на основното училиште „Санде Штерјоски“. Отруени со супстанции што можат да усмртат и човек, други застрелани со огнено оружје – оставени покрај училишта и домови, реагираат од „Анима мунди“.

Тие бараат итна реакција од Обвинителството и МВР, јавна одговорност од градоначалникот и раководството на општината, како и инспекциски служби на терен. Да се проверат камерите, да се фатат сторителите, да има индивидуална и институционална одговорност за оваа ликвидација.

Од МВР соопштија дека се постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево и информациите на здруженијата за заштита на животните „Анима мунди“ и кичевското „Грифон“, па доколку се добијат потврдни информации, по консултација со јавен обвинител, ќе се преземаат натамошни мерки

 

Грозоморен настан се случил деновиве во Кичево. Над 40 кучиња биле убиени во еден ден. Дел од нив биле застрелани, додека други биле отруени. Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ побара од градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари и некој од надлежните институции да ја информират јавноста и да го осудат делото.

– Неколку дена – ништо. Молк. Како да е сѐ нормално. Како да е прифатливо да живееш во град опколен со отров и оружје. А на улиците на Кичево, пред очите на луѓето, животни умирале во мака, гушејќи се во сопствена крв и повраќаница, во близина на основното училиште „Санде Штерјоски“. Отруени со супстанции што можат да усмртат и човек, други застрелани со огнено оружје, оставени покрај училишта и домови. Ова не е инцидент. Ова е умоболна практика што ја гледавме пред петнаесет години, и многу добро знаеме како завршува таа приказна – реагираат од „Анима мунди“.

Тие додаваат дека такво нешто може да направи само масовен убиец, психопат или институција што организира ликвидација.

– Дали е нормално во вашиот град да се убиваат животни со екстремно разорни отрови што за помалку од пет минути можат да усмртат дете? Дали е нормално некој вооружен да шета низ градот и да стрела по животни додека граѓаните спијат? Пријавивте ли во полиција? Како за половина час беа собрани и фрлени 40 трупа од страна на „Кичевски Комуналец“ – без полиција, без увид, без истрага, иако на дел од телата има траги од огнено оружје – јавно го прашуваат Дехари од „Анима мунди“.

Активистите од „Анима мунди“ констатираат дека во Кичево има проблем со прекубројност на бездомни животни, но тоа е бидејќи никогаш никој не го решил.

– Општината годишно издвојува околу 20.000 евра за оваа проблематика, а 115.000 евра плаќа за обесштетувања за каснувања – и реални и лажирани. Тоа не е планско и стратешко управување. Тоа е комплетно незнаење, или злоупотреба на јавни пари – пари што не се ваши, туку на граѓаните – оценуваат од „Анима мунди“.

Тие сметаат дека во овој, како што го нарекуваат, одвратен контекст, единствено што охрабрува се гласните и достоинствени реакции на кичевчани.

– Добро е што јавноста јасно се огради од овој срам – одлучни се од „Анима Мунди“.

Тие бараат итна реакција од Обвинителството и МВР, јавна одговорност од градоначалникот и раководството на општината, како и инспекциски служби на терен. Да се проверат камерите, да се фатат сторителите, да има индивидуална и институционална одговорност за оваа ликвидација.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево и информациите на здруженијата за заштита на животните „Анима мунди“ и кичевското „Грифон“, па доколку се добијат потврдни информации, по консултација со јавен обвинител, ќе се преземаат натамошни мерки.

ИЗДВОЕНИ