Најмалку 17 лица се повредени во силните бури што го погодија поголемиот дел од Франција, а две лица загинаа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Според Александар Жуасар, заменик-директор на оперативниот центар, едно лице е сериозно повредено, додека другите се здобиле со полесни повреди, главно поради паѓање дрвја или поплави, објави францускиот новински медиум BFM.
Во регионот Тарн-ет-Гарон во јужна Франција, 12-годишно момче почина кога дрво падна врз него додека тој и неговото семејство се обидуваа да избегаат, објави телевизијата BFMTV во среда, повикувајќи се на службите за итни случаи. Во едно село во северозападна Франција, возач на квадроцикл загина откако се судри со дрво кое паднало преку патот, објави телевизијата „Иси“.
Во многу делови од Франција, температурите се искачија над 30 степени Целзиусови, проследени со грмотевици. Налетите на ветер достигнаа до 120 километри на час, што доведе до предупредувања за опасни временски услови во 57 департмани.
Lots of storm damage in Paris, France tonight…pic.twitter.com/cuym5BSAXs
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) June 25, 2025
Ветровите достигнаа брзина од 112 километри на час на врвот на Ајфеловата кула. Силните дождови поплавија многу метро станици и предизвикаа проблеми со сообраќајот во француската престолнина. За само 20 минути, температурата во Париз падна за 11 степени Целзиусови.
Компанијата „Енедис“ наведува дека околу 100.000 домаќинства се уште се без електрична енергија. Најпогодени области се Оверњ, Бургундија и Лимузен.