Застрашувачки снимки од земјотресот во Грција и Турција: Луѓе скокаат од прозорци, девојче загина, 70 се повредени/ВИДЕО

1620
Фото: X RUSEN || Press

Земјотрес со интензитет од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу 00:30 часот во близина на Родос, а малку подоцна, околу 02:17 часот, и во Мармарис. Епицентарот бил во морето, на длабочина од околу 68 километри. Потресите беа почувствувани во делови од Грција, Турција, Египет, Сирија и неколку други земји во регионот. Според првите информации, неколку десетици луѓе се повредени во земјотресот, а загина 14-годишно девојче како последица од потресот.

Вознемирувачки снимки од силниот земјотрес што го погоди Родос во Грција во текот на ноќта, но и областа Мармарис во Турција, се појавија на интернет и покажуваат многу од ужасот што го предизвика потресот во тие региони.

Пријавени се најмалку седум лица повредени додека се обидувале во паника да ги напуштат своите домови.

Според официјалните информации, починатото е четиринаесетгодишно девојче, Афранур Гинли, кое почина во болница откако доживеало напад на паника предизвикан од земјотресот.

Иако лекарите се обидоа со сè, девојчето не преживеа, потврди турскиот министер за внатрешни работи, Али Јерликаја, и додаде дека 69 лица се повредени – повеќето од нив додека панично бегале од зградите, скокајќи од прозорци или од балкони.

Туристите на Родос, Грција, утрово добија итна порака од TUI. Во пораката се нагласува: „Ве молиме останете смирени и следете ги сите безбедносни упатства што ви ги дале вашиот сместувачки капацитет или локалните службеници“.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја се огласи преку социјалните мрежи во врска со земјотресот. Тој рече: „Земјотрес со магнитуда од 5,8 степени се случи во Мармарис, Мугла. Земјотресот беше почувствуван и во околните провинции. Сите тимови на нашите надлежни институции продолжуваат со теренските проверки под координација на нашиот гувернер. Според прелиминарните податоци, нема уривање на станбени згради во градот.“

ИЗДВОЕНИ