Застрашувачки снимки од невремето во Хрватска: Погледнете што се појави над Осиек/ВИДЕО

1792
screenshot Neverin

Втор ден, регионот на Балканот се соочува со силно невреме придружено со обилни дождови, грмотевици и локализирани бури. Регистрирани се бројни налети на ветер, силни грмотевици и потенцијално опасни временски услови.

Една од најсилните бури ја погоди источна Хрватска, околу Осиек.

Драматични снимки беа објавени на метеоролошката платформа „Неверин“, на кои се гледа застрашувачки вртлог што се спушта од облаците и очигледно, само неколку метри му недостигаше да ја допре земјата.

Метеоролозите предупредуваат дека во наредните денови ќе преовладува нестабилно време над поголемиот дел од Балканот, со можност за нови грмотевици, град и силни налети на ветер.

ИЗДВОЕНИ