Застрашувачки снимки од хаос во авион со 227 патници погоден од силен град/ВИДЕО

967
Фото: X.com

Застрашувачка снимка од патнички авион фатен среде силно невреме се шири низ интернет. На снимката се гледа како патниците врескаат во паника додека доживуваат силни турбуленции во воздухот. Се гледаат како молат за живот додека авионот се тресе поради лошото време.

Според информациите на летот имало околу 227 патници и членови на екипажот, а храброста и присебноста на пилотот ги спасиле животите на сите патници.  Инцидентот се случил на летот 6E2142 на IndiGo кој патувал од Делхи до Сринагар, известува The Free Press Journal.

Авионот со 227 патници и членови на екипажот полетал од аеродромот во Делхи според планираното. Сепак, авионот налетал на силна бура со грмотевици што резултирала со интензивни турбуленции. Според патниците, авионот силно се тресел во воздухот. Се отвориле и горните багажни простори, а багажот паднал врз дел од патниците. Патниците во моментот ги фатила целосна паника.

Според медиумите, инцидентот се случил во средата, а авионот безбедно слетал на аеродромот во Сринагар. Видеото снимено од патник, и објавено на X ја покажува паниката и стравот додека авионот наишол на грмотевици и град предизвикувајќи силни турбуленции.

“Имаше толку многу турбуленции што мислев дека тоа е мојот последен лет. Сите мислеа дека ќе се урнеме. Тоа беше толку трауматично искуство”, рече Шеик Самиулах. Летам често, но никогаш не сум доживеал вакво нешто. „Многу сме му благодарни на пилотот што безбедно слета“, додаде тој, јави Си-Ен-Ен.

ИЗДВОЕНИ