Застрашувачка снимка од Харков: Руски дрон погоди факултет сред бел ден/ВИДЕО

169

Руски дрон ја погоди зградата на Националниот фармацевтски факултет во центарот на Харков денес сред бел ден, објави Киев Индепендент. Во нападот се повредени најмалку четири лица, а зградата е запалена.

Според локалните власти, нападот се случил во 11 часот по локално време и во него биле вклучени самоубиствени дронови Геран-2.

Некои од дроновите биле соборени од воздушната одбрана. Снимките што го покажуваат моментот кога зградата е погодена во областа Слобидски беа објавени од страна на регионалното обвинителство.

Покривот на административната зграда на универзитетот е сериозно оштетен, а пожарот се проширил на околу 150 квадратни метри. Пожарникарите го изгаснале пожарот, а вработените се засолниле во засолниште.

Регионалниот гувернер Олех Синехубов изјави дека меѓу повредените има три жени на возраст од 51, 52 и 54 години и еден 89-годишен маж.

Сите се во стабилна состојба. Тој нагласи дека погодената зграда била „исклучиво цивилен објект, без никаква врска со војската или одбраната“.

Харков, вториот по големина град во Украина, е на само 25 километри од руската граница и е редовна цел на руски ракетни и беспилотни летала напади.

ИЗДВОЕНИ