Во текот на ноќтта снежна покривка се распосла на Водно. Снегот наврнал до најблиските населени места под планината. Температурите кои се невообичаени за овој период од годината се резултат на студениот бран од Русија.
Според прогнозата за денеска не очекува променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.