Анета Филиповска, проектен менаџер од невладината организација ИГИ (Иницијатива за граѓански интеграции), истакна дека главната цел на проектот била заштита и одржливо управување со природните ресурси на вода во регионот и зајакнување на локалната климатска отпорност со вклучување на заедниците.
– Како клучна почетна активност, беше спроведено првично теренско мапирање и мониторинг на водните ресурси во пет рурални заедници: Леуново, Ростуше, Маврови Анови, Требиште и Жировница, во рамките на НП „Маврово“. Оваа активност овозможи систематско собирање податоци за состојбата на водните извори, нивните сезонски варијации и потенцијалните ризици поврзани со климатските промени и антропогените влијанија – рече Филиповска.
Покрај истражувачката компонента, проектот вклучил едукативни и практични активности со локалното население, земјоделците, жените фармери, младите и учениците, насочени кон унапредување на знаењето за рационално користење на водата, примена на агроеколошките практики и зачувување на природните екосистеми
Со презентација на препораките и заклучоците, во Маврово беше означен крајот на проектот „Water Wise Mavrovo“, кој се спроведуваше на територијата на истоимениот национален парк.
Изминатите шест месеци биле спроведени теренски истражувања, работилници и конкретни зафати што треба да помогнат во зачувувањето на водата во природата и на водниот потенцијал на најголемото заштитено подрачје во Македонија.
Анета Филиповска, проектен менаџер од невладината организација ИГИ (Иницијатива за граѓански интеграции), истакна дека главната цел на проектот била заштита и одржливо управување со природните ресурси на вода во регионот и зајакнување на локалната климатска отпорност со вклучување на заедниците.
– Како клучна почетна активност, беше спроведено првично теренско мапирање и мониторинг на водните ресурси во пет рурални заедници: Леуново, Ростуше, Маврови Анови, Требиште и Жировница, во рамките на НП „Маврово“. Оваа активност овозможи систематско собирање податоци за состојбата на водните извори, нивните сезонски варијации и потенцијалните ризици поврзани со климатските промени и антропогените влијанија – рече Филиповска.
Покрај истражувачката компонента, проектот вклучил едукативни и практични активности со локалното население, земјоделците, жените фармери, младите и учениците, насочени кон унапредување на знаењето за рационално користење на водата, примена на агроеколошките практики и зачувување на природните екосистеми.
Првиот човек на НП „Маврово“, Харис Ибарими, смета дека соработката со НП „Маврово“ била од клучно значење, нагласувајќи дека проектот „Water Wise Mavrovo“ е пример за успешно партнерство.
– Активностите беа реализирани во согласност со режимот на заштита на националниот парк и во непосредна координација со нашата институција. Особено ја поздравуваме примената на практични и еколошки прифатливи мерки, кои покажуваат дека климатската адаптација може да биде применлива и ефективна и на локално ниво – изјави Ибраими.
Канадската конзулка, Ешли Дјурек, ја истакна соработката на засегнатите страни, односно локалното население, институциите и граѓанскиот сектор во наоѓањето решенија на проблеми.
– Проектот создаде простор за дијалог и соработка, обединувајќи ги членовите на заедницата, засегнатите страни и институциите во насока на заедничко климатско планирање. Отпорноста кон климатските промени не може да се постигне изолирано – оцени Дјурек.
Во презентацијата на завршниот документ беа дадени препораки и конкретни чекори за адаптација кон климатските промени и за одржливо управување со водните ресурси во планинските и заштитените подрачја. Проектот „Water Wise Mavrovo“ беше спроведен од „ИГИ – Гостивар“ во Мавровом со финансиска поддршка од Амбасадата на Канада, во рамките на канадскиот фонд за локални инцијативи (Canada Fund for Local Initiatives CFLI).












