Возачот на ЛЦР Хонда, Жоан Зарко, оствари неверојатна победа на трката од Мото ГП во Ле Ман. Искусниот Французин ја искористи целосната конфузија предизвикана од дождот на трката. Видовме одложен старт, потоа бројни промени на мотоцикли, неколку казни и тркачки инциденти што ја направија трката исклучително интересна.

Зарко стана првиот Французин од 1954 година што победил на домашен терен, а во Ле Ман ја оствари својата втора победа во најсилното натпреварување, откако досега ја забележа својата единствена на патеката Филип Ајленд во октомври 2023 година. Зарко му го донесе на својот тим првиот триумф за нешто повеќе од две години, поточно од Американското Гран При во 2023 година, каде што победи Алекс Ринс.

Шампионатот во Мото ГП продолжува со трка на легендарната патека Силверстоун, од 23 до 25 мај. Досега видовме само шест трки во најдолгата сезона на Мото ГП, а нè очекува уште многу возбуда во наредните недели.

ИЗДВОЕНИ