Легендарниот кошаркар Ален Ајверсон своевремено беше страв и трепет за противничките одбрани, со Филаделфија играше и во финалето на НБА во 2001 година, кога воедно беше прогласен за МВП на сезоната, учествуваше на неколку Ол-стар натпревари, беше најдобар стрелец во лигата и беше еден од најплатените играчи во САД. Сепак, неговото огромно богатство брзо испари, а во 2012 година банкротираше, кратко по завршувањето на неговата кариера.

Покрај Филаделфија, која го избра како прв избор на драфтот, ги носеше дресовите и на Денвер, Детроит и Мемфис, а се обиде и во европската кошарка, откако помина една сезона во редовите на Бешикташ, каде што ја заврши својата професионална кошаркарска кариера.

Ајверсон не знаеше да располага со парите, живееше од денес за утре, а по разводот од сопругата, остана практично без пари. Иако платите во НБА не беа толку високи како денес, тој заработи 154.494.445 долари за време на неговите 14 години во НБА, а кога ќе ги додадете и неговите спонзори, јасно е дека можел да има повеќе од удобен живот.

За време на неговото рочиште за развод во 2012 година, тој ѝ призна на својата сопруга, Тавани, дека банкротирал.

  • Немам пари ни за чизбургер, ѝ рекол на својата сопруга, која веднаш му дала 61 долар од нејзиниот паричник.

Евидентно е дека кошарката го спасила од улиците. Тој пораснал во Хемптон, Вирџинија, и откако ја вкусил сладоста на славата и парите, не познавал граници. Како што откри неговиот биограф Лари Плат, тој имал „договор“ со пријатели од детството кои имале криминално досие, па им давал голем дел од своите пари, додека без размислување купувал скап накит, автомобили…

  • Растејќи, склучил пакт со своите пријатели, од кои некои имале долго криминално досие. Тие требало да станат рапери, а тој играч. И кој и да успеел, другите го следеле, рекол Лари.

Секако, тој го издржувал целото семејство…

  • Во еден момент, на платниот список имало околу 35 членови на семејството. И роднини и пријатели, посочи Плат.

ИЗДВОЕНИ