Започнува судењето на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

184
ФРото: Ѕ.Плавевски

Во полна судница обвинети, адвокати, семејствата кои седат во засебен дел одделени со стаклени прозорци од сторителите на делата кои доведоа до големата несреќа во Кочани, се очекува судијката Диана Груевска да го започне судскиот процес на деценијата.

Мирна атмосфера владее во судницата во Идризово која и надвор и внатре е под силно полициско обезбедување. Во првите редови од обвинителната клупа седнаа првообвинетиот сопственик на диското Пулс, Дејан Јованов, како и поранешните министри за економија Крешник Бектрши и Ваљон Сарачини и поранешниот директор на ДЗР, Шабан Салиу.

На нозе во засебната просторија родителите на починатите деца ги дочекуваат обвинетите, засега атмосферата е мирна и се очекува судијката да даде знак со судскиот чекан. На денешниот старт од процесот присутни се и странски медиуми, а домашните се во голем број. (П.А.)

Судијката го почна судењето за Кочани и вети: Ќе дојдеме до правдата

ИЗДВОЕНИ