Американскиот министер за одбрана Пик Хегсет изјави дека САД ќе започнат нова мисија наречена „Операција Јужно копје“ со цел елиминирање на наркотерористите од нивната хемисфера.
„Акцијата ја нареди претседателот Трамп, а министерството за одбрана ја спроведува“, напиша Хегсет на платформата „Икс“.
„Предводена од Заедничката оперативна команда „Јужно Копје“, оваа мисија ја штити нашата татковина, ги отстранува наркотерористите од нашата хемисфера и ги штити САД од дрогата што ги убива нашите граѓани. Западната хемисфера е соседство на Америка, и ние ќе ја заштитиме“, додаде тој.
President Trump ordered action — and the Department of War is delivering.
Today, I’m announcing Operation SOUTHERN SPEAR.
Led by Joint Task Force Southern Spear and @SOUTHCOM, this mission defends our Homeland, removes narco-terrorists from our Hemisphere, and secures our…
— Secretary of War Pete Hegseth (@SecWar) November 13, 2025
Според „Аксиос“, не е сосема јасно дали Хегсет се осврнувал на тековните американски операции во близина на Венецуела и пошироко или станува збор за нова, проширена мисија.
Си-би-ес њуз, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со состаноците во Белата куќа, пишува дека станува збор за нови напади врз бродови што транспортираат дрога и потсетува дека во услови на растечки тензии меѓу САД и Венецуела, високи американски воени претставници му ги презентирале на претседателот на САД, Доналд Трамп, ажурираните опции за потенцијални операции во Венецуела, вклучително и копнени напади.
Министерот за одбрана Пит Хегсет, претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн и други високи функционери го информирале Трамп за можните воени опции за наредните денови, но не е донесена конечна одлука, изјавија два извори за Си-би-ес њуз (CBS News).
Портпаролот на Белата куќа не даде веднаш коментар, додека портпаролот на Пентагон одби да коментира.
Американската разузнавачка заедница помогна да се обезбедат информации за потенцијални операции.
Претходно неделава носачот на авиони „УСС Џералд Форд“ влезе во зоната на одговорност на Јужната команда на САД, главната борбена единица за операции во Карибите и Јужна Америка, и се придружи на флотилата од разурнувачи и средства за специјални операции што веќе се наоѓаат во регионот.
Во изминатите два месеци американската војска изврши рација во најмалку 20 брода за кои вели дека транспортирале дрога од Јужна Америка во САД, при што беа убиени најмалку 80 наводни шверцери.












