И оваа година традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ се очекува да биде најквалитетен меѓу турнирите, но и најмасовен кога е во прашање посетеноста.

Турнирот ќе започне на 1 септември, а бројот на учесници е ограничен – вкупно 40 екипи, кои ќе се борат за заграден фонд од 1.300.000 денари.

  • Започна пријавувањето за XXI традиционален меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“ – Сокол ВЛТ 2025 година и ќе трае до 28-ми август. Извлекувањето на екипите ќе се одржи на 30-ти август, а стартот на турнирот е закажан како и секогаш традиционално на 1-ви септември со почеток во 20:00 часот на игралиштето „Сокол“ во ООУ Христијан Тодоровски Карпош – Карпош 1. Бројот на екипи е ограничен на 40 екипи. Се гледаме на 1-ви септември на добро познатата локација во Карпош 1, посочија организаторите на турнирот.

Веќе со години овој трунир привлекува најголемо внимание како кај учесниците, така и кај љубителите на фудбалот.

Сите информации и детали за настап и пријавување на екипа може да ги добиете на сајтот http://sokolturnir.mk или на телефонските броеви:

☎ +389 77 655 699

☎ +389 77 655 988

ИЗДВОЕНИ