Со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, концерт на Националниот џез оркестар под водство на австрискиот диригент Зиги Фајгл, со гостин солист Луис Бониља – американски тромбонист со меѓународна кариера, и доделување на наградата за најдобар џез музичар, вечерва започна 44. издание на Скопскиот џез фестивал, кое и оваа година нуди богата програма со врвни музички имиња и придружни културни настани.

Главната концертна програма ќе се одржува во Националната опера и балет (НОБ), додека документарните филмови ќе се прикажуваат во Кино Фросина при МКЦ.

ИЗДВОЕНИ