Запишани 190 гимназијалци од предвидените 272 места

52

Во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, за учебната 2025/2026 година се пополнети 190 од предвидените 272 ученички места.

– Во нашата образовна институција, во двата уписни рока од предвидените 204 се пополнети 166 ученички места. Гледано одделно по наставен јазик, на македонски се 44 од предвидените 68, додека на албански 122 од предвидените 136 ученички места – изјави Афрона Леши, професорка и одговорна за упис во гимназијата во Дебар.

Во гимназијата во Центар Жупа, предвидената квота беше 68 ученици во две паралелки, односно по 34 ученици на двата наставни јазика.

– Во вториот уписен рок е запишан само еден ученик за настава на турски наставен јазик. Тоа значи дека во двата уписни рока се запишани 24 ученици во прва година. Од нив, четворица се за паралелката на македонски и 20 на турски наставен јазик – истакна директорот на гимназијата во Центар Жупа, Сабри Асан.

Уписот продолжува поради фактот што дел од учениците се соочиле со проблем при електронското пријавување.

ИЗДВОЕНИ