Бројот на пожари во извештаите на Центарот за управување со кризи се менуваат од час во час. Така, денеска до 12 часот на територијата на државата имаше регистрирано вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, а пет се ставени под контрола.

До денеска околу 400 кандидати се пријавиле на јавниот повик за пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека интересот бил голем, но мал лимитирачки фактор за изборот е што според условите, лицата што ќе се пријават треба да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа. Затоа рокот за пријавување е продолжен за уште пет дена.

Пожарите и ги натаму пустошат шумите по планините, а опожарени има и цркви, бандери на ЕВН, плевни, амбари со жито, ниви…

Бројот на пожари во извештаите на Центарот за управување со кризи се менуваат од час во час. Така, денеска до 12 часот на територијата на државата имаше регистрирано вкупно 10 пожари на отворен простор. Од нив, пет се активни, а пет се ставени под контрола.

Меѓу активните пожари се издвојуваат огнените линии во општина Василево кај селото Нивичино, како и во скопските општини Аеродром и Гази Баба, каде што гори ниска вегетација. Во прилепскиот регион, активни се два пожара — еден помеѓу селата Царевиќ и Смолани, и друг помеѓу Никодин, Ракле и Фариш, со зафатени површини од мешана шума и ниска вегетација.

Под контрола се пожарите кај Велес, Дојран, Демир Хисар, Македонски Брод и Илинден, каде интервенираат екипи на терен со поддршка од локалното население.

Пожар се појави и во скопски Реонски центар – во близина на многу куќи и згради. Заменик-директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов вчера од хеликоптер во следеше пожарот на планината Готен при што во текот на денот се правеше обиколка на огнената стихија.

– Се работи за пожар кој утрово имаше повеќе од 5 километри огнена линија во сите правци. Комбинираните екипи на земја потпомогнати од постојана воздушна поддршка од еден хеликоптер на МВР и два „ер трактори“ успеаја преку 3,5 километри да стават под контрола. Остануваат уште 1,5 километар кој поради тешко достапниот терен не може да го работиме – истакна Михаилов.

Досега околу 400 кандидати се пријавиле на јавниот повик за пожарникари

До вчера околу 400 кандидати се пријавиле на јавниот повик за пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека интересот бил голем, но мал лимитирачки фактор за изборот е што според условите, лицата што ќе се пријават треба да бидат регистрирани во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа. Затоа рокот за пријавување е продолжен за уште пет дена.

– За жал, нам ни се пријавија повеќе луѓе, вклучително и кај мене лично, но и во нашите институции, лица кои не се пријавени во Агенцијата за вработување како активни баратели на работа или работат на други места, но се заинтересирани да се вклучат во оваа мерка. Од овие причини овие лица не можат да се приклучат кон оваа мерка – истакна Ангелов.

Ангелов појаснува дека лицата кои не се активни баратели на работа имаат време и можат да се пријават во Агенцијата за вработување и потоа да отидат во најблискиот Центар за вработување и да поднесат соодветна апликација. Притоа лицата треба со себе да носат и лекарска потврда издадена од матичниот лекар во која се наведува дека немаат сериозни болести, кои би пречеле во извршување на работните задачи.

– Да, примањата се навистина ниски, но овие примања се како една мала награда која би им се дала за време на селекцијата на која тие би присуствувале… Оние кои понатаму би се покажале како похрабри, поподготвени и кои влеваат надеж дека можат да бидат добри пожарникари, би имале можност да бидат вработени во локалните територијални противпожарни единици – додаде Ангелов.

Тој истакна дека најмал интерес за оваа мерка има во Скопско, а е предвидено ангажирање на 80 лица. Во останатите градови има поголем интерес. Ангелов  ги повика сите заинтересирани, особено младите кои се чувствуваат здрави, да аплицираат за оваа мерка.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ