Запалени куќата и автомобилот на британскиот премиер Стармер: Украинец осомничен за злочинот

885
EPA-EFE/CHRISTOPHE ENA / POOL MAXPPP OUT

Украинец ја запалил куќата и автомобилот на британскиот премиер, пишува британскиот јавен сервис Би-Би-Си.

Лондонската полиција соопшти дека 21-годишниот украински државјанин Роман Лавринович е обвинет за подметнување пожар на два имота и автомобил поврзан со премиерот Стармер.

– Тој е уапсен и треба да се појави на суд утре.

Обвиненијата се однесуваат на три инциденти: пожар на автомобил во Кентиш Таун, северен Лондон, пожар во приватната куќа на премиерот на истата улица и пожар на адреса каде што Стармер претходно живеел во северозападен Лондон.

ИЗДВОЕНИ