– Локацијата е тешко пристапна, но токму тоа, заедно со природата на отпадот, јасно укажува на намера – нарачан, свесен, човечки чин со огромни последици! Оваа локација е директен причинител за загадувањето и за непријатниот мирис што ги погодија граѓаните од делови на Гази Баба и на Аеродром во изминатите денови – објави на „Фејсбук“ градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој го нарече ваквиот чин монструозен и истакна дека е еднаков на геноцид. Наведе дека ќе направи сè што е во негова моќ да се дознаат имињата на сторителите и да бидат казнети тие. Освен тоа, тој извести дека по девет часа интензивна работа, локацијата во Трубарево е посипана со над 40 камиони земја и повеќе нема бел чад, ниту мирис на изгорена пластика, кабли и слични штетни материјали

Инспекциските служби на Општина Гази Баба ја пронајдоа локацијата во непосредна близина на Трубарево, од каде што се ширеше густ бел чад, откако жителите на општините Гази Баба и Аеродром повеќе денови се жалеа на неподнослива смрдеа, поради која беа принудени да седат дома со затворени прозорци.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека при увидот на самото место, било утврдено дека од непознат сторител била истурена и запалена поголема количина отпад – делови од возила поминати на преса!

– При горењето, се ширеше неподнослив мирис на изгорена пластика, кабли и други штетни материјали, што директно го загадуваше воздухот. Локацијата е тешко пристапна, но токму тоа, заедно со природата на отпадот, јасно укажува на намера – нарачан, свесен, човечки чин со огромни последици! Оваа локација е директен причинител за загадувањето и за непријатниот мирис што ги погодија граѓаните од делови на Гази Баба и на Аеродром во изминатите денови – објави Стефковски на „Фејсбук“.

Тој додаде дека инспекцијата ќе остане на терен сè додека целосно не се расчисти локацијата. Ваквиот чин го нарече монструозен и истакна дека е еднаков на геноцид. Наведе дека ќе направи сè што е во негова моќ да се дознаат имињата на сторителите и да бидат казнети тие.

– Ќе се борам против загадувањето, затоа што и јас имам две деца што живеат тука и го дишат истиот воздух. Ова не е крај! Борбата продолжува сè додека не расчистиме со сите несовесни граѓани – нагласи Стефковски.

Потенцираше дека пакетот мерки,  меѓу кои: секој ден од 8:00 до 22:00 часот, инспектори од Секторот за инспекциски работи ќе бидат стационирани на дивата депонија Вардариште, со цел постојан надзор и спречување на понатамошни прекршувања, мешани патроли на терен со сите надлежни институции за заедничко откривање и санкционирање на изворите на загадување, телефон за пријави на прекршување на Законот – 075 346 932 во Секторот за инспекциски работи, како и нова линија за контакт со кабинетот на градоначалникот Бобан Стефковски – 075 346 938 за директна комуникација со службениците, за секој што има информација за можен прекршител на Законот, останува на сила и оти ќе се спроведува и во деновите што следуваат.

Освен тоа, тој извести дека по девет часа интензивна работа, локацијата во Трубарево е посипана со над 40 камиони земја и повеќе нема бел чад, ниту мирис на изгорена пластика, кабли и слични штетни материјали.

(А. П.)

ИЗДВОЕНИ