Запален сервис за возила пред Пинтија, потпалувачот е снимен на камера/ВИДЕО

651

Рано утрово пред 04:00 часот избил тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во метстото наречено Каменик) во кој имало повеќе автомобили, масло и други запаливи предмети.

Директорот на Дирекцијата за заштита  и спасување информираше  дека Бригадата  за протипожарна заштита на град Скопје веднаш излегла на лице место и со осум возила по тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 06:00 часот.

За овој пожар на Фејсбук информираше и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина  Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој истакна дека биле запалени два сервиси за автомобили во Стаклара.

-Благодарение на брзата реакција на противпожарната бригада, пожарот е целосно изгаснат. Иако има материјална штета, за среќа нема повредени и жртви – пишува Ѓорѓиевски.

Тој постираше и видео на кое се гледа како некој облечен во тренерка со качулка ги посипува колите со некаква течност, по што букнува оган. Според него ова што се случува е повеќе од случајност и станува алармантно!

-Некој упорно го потпалува градот, а за тоа ќе мора да има одговорност – нагласи  Ѓорѓиевски и повика на итно постапување на МВР и Јавното обвинителство за сето  ова да запре.

Ангелов истакна и дека синоќа пред 23.00 часот повторно бил предизвикан пожар во депонијата Дрисла, на сосем друго место, подалеку од местото кое беше активно претходните денови.

На лице место веднаш се упатија скопските пожарникари кои започнаа со гаснење но поради спецификата на пожарот беше потребно истовремено затрупување на опожарената површина поради што се активираа градежни машинити кои веќе беа таму. Еден час подоцна пожарот беше изгаснат и затрупан со што беше спречено ширење на огнот во главнината на депонијата – наведе Ангелов.

ИЗДВОЕНИ