Западнонилска треска се шири низ Србија

68

Вирусот Западен Нил е потврден кај уште 8 лица во Србија, а оваа сезона, од 14 септември, оваа болест што ја пренесуваат комарци е потврдена кај вкупно 48 лица, според најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Меѓу пациентите доминираат мажите. Во 65 проценти од случаите вирусот е потврден кај нив, а просечната возраст на пациентите е 66,5 години. Најмногу заболени од западнонилска треска, вкупно 15, има во Белград, а првиот случај оваа сезона е регистриран на 17 јули кај 66-годишен маж од округот Јужен Банат.

Во сезоната на надзор од 2025 година, до 10 септември, случаи на западнонилска треска кај човечката популација во Европа се регистрирани во Грција, Италија, Романија, Франција, Бугарија, Унгарија, Шпанија, Албанија и Турција.

Западнонилската треска е заразна болест од групата зоонози, од вирусна етиологија, која се пренесува на луѓето и на животните со каснување од заразен комарец. Кај повеќето луѓе, оваа треска поминува без симптоми, а во случај на потешки форми на болеста, може да доведе до отекување на лимфните жлезди, енцефалитис, менингитис, парализа, па дури и кома. Симптомите на болеста се појавуваат 3 до 14 дена по каснувањето од заразен комарец. Досега, вирусот Западен Нил е изолиран од 43 видови комарци.

 

ИЗДВОЕНИ