Група од 11 западни земји ги обвинија хакерите на руската воена разузнавачка служба во заедничка изјава за напади врз компании од одбранбениот, транспортниот и технолошкиот сектор кои обезбедуваат помош за Украина.
Група земји составена од САД, Велика Британија, Германија, Чешка, Полска, Австралија, Канада, Данска, Естонија, Франција и Холандија изјавија дека хакерската група Unit 26165, позната во сајбер светот како „Fancy Bear“, спроведува кампања за напад повеќе од две години, користејќи низа тактики како „скам меилови“ и украдени лозинки.
На мета се владини организации и приватни компании од одбранбениот, транспортниот, поморскиот и ИТ секторите од Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Молдавија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Украина и САД, се додава во соопштението.