Заниоло пијан уринирал по опремата на Рома, па нападнал двајца млади момчиња!

61
EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Во Италија не се смируваат страстите, а калчолигашот Рома објави уште едно шокантно соопштение за медиумите во врска со инцидентот со Николо Заниоло.

Имено, Рома го обвини напаѓачот дека бил пијан, дека уринирал во соблекувалната и дека хоспитализирал двајца млади играчи од нивниот тим.

Се се случи по натпреварот меѓу младинските екипи на Фиорентина и Рома во полуфиналето на Примавера кое било одиграно на „Виола Парк“.

По се што се случи досега, челниците на Рома решија да дадат уште една изјава и открија неверојатни детали.

„Вечерта на 26 мај, за време на полуфиналниот натпревар од Примавера меѓу Фиорентина и Рома на Виола Парк, Николо Заниоло, првотимец на Фиорентина, нелегално влезе во соблекувалната на Рома во друштво на друго лице, иако немаше акредитација.

Очевидци велат дека Заниоло бил видно пијан. Тој уринирал во објектите на Рома, ги провоцирал играчите и без вербална комуникација го удрил Матија Алмавива и насилно го турнал Марко Лити на клупата за резерви.

Лити претходно имаше операција на рамото. Двајцата играчи се хоспитализирани. Алмавива ќе биде надвор од терените 10 дена, а Лити 21 ден.

Рома стои покрај своите млади играчи и ние се пожаливме на однесувањето на кое бевме сведоци на Виола Парк.

Ние веруваме во институциите и дека тие ќе ја завршат својата работа за да ги заштитат вредностите на италијанскиот фудбал“, се вели во соопштението на Рома.

Поради овој инцидент веќе е започната истрага на истражните органи на италијанскиот фудбал, а Заниола може да се соочи со огромна парична казна.

Моментално е на позајмица од Галатасарај, а Фиорентина веќе одлучи да не ја активира клаузулата и да не го откупи неговиот договор.

Италијанецот има 25 години, додека од друга страна младиот Лити има 18 години, а Алмавива во февруари наполни 19 години.

Тензијата меѓу Рома и Заниол е голема откако тој замина во Галатасарај во јануари 2023 година.

Претходно беше на позајмица во Астон Вила, Аталанта и Фиорентина, но ниту еден клуб не сакаше да го откупи неговиот договор.

Сега останува да видиме дали ќе добие забрана и дали таа ќе стане глобална од ФИФА и дали Галатасарај ќе направи нешто околу овој случај.

 

ИЗДВОЕНИ