Општина Карпош доделува финансиска помош за поправка и санација на покриви на станбени згради, но и за замена на азбестни покриви на куќи. За таа цел, Општината распиша јавен повик.
Финансиската поддршка ќе биде со средства од буџетот на Општина Карпош за 2026 година од Програмата за активностите во областа на уредување на градежно земјиште за 2026 година.
Предвидено е за станбените згради да се субвенционира до 50 отсто од вкупниот износ за поправка и санацијата на покривот, но не повеќе од 300.000 денари. За замена на азбестните покриви, Општината исто така ќе помага со 50 отсто од вредноста, но најмногу со 100.000 денари.
Право на учество на јавниот повик имаат сите регистрирани заедници на сопственици или управители на згради.
За условите и критериумите за добивање ваква финансиска помош од Општината, како и за потребните документи за аплицирање, заинтересираните граѓани можат да се информираат во повикот објавен на официјалната интернет страница на Општина Карпош.












