Заљубениот пар, ара папагалите Зазу и Плаза, благодарение на вработените од скопската Зоолошка градина, добија ново големо живеалиште кое е направено со природни материјали и е доволно интимно за да уживаат во благосостојба.
Од Зоолошката велат дека овие папагали се миленици на сите вработени.
– Откако беа донесени во ЗОО Скопје и едниот и другиот поминаа многу време во административните простории на Зоолошката, дружејќи се со вработените, за подоцна да ги споиме и да создадеме нов заљубен пар – информираа од институцијата.
Оттаму објаснуваат дека летото, папагалите го поминале заедно во нова волиера во Бејби ЗОО, по што сега добија нов дом.












