Заловени девет бездомни кучиња од критични локации во Карпош

38

Минатиот четврток, на критичните локации: „Систина“, „Реплек“ (улица „Васил Чакаларов“), Карпош 4 и последна 24 – Тафталиџе, екипи на јавното претпријатие „Лајка“ успеале да заловат девет бездомни кучиња.

Веќе некое време, јавното претпријатие „Лајка“  се соочувало со тешкотии во заловувањето  бездомни кучиња на овие локации, кои биле најпријавувани од страна на граѓаните.

– Заловените кучиња се безбедно преземени и ќе бидат опфатени со соодветна ветеринарна постапка – здравствен преглед, стерилизација/кастрација и микрочипирање, по што ќе следува нивно враќање или вдомување, согласно со законските процедури – соопштија од „Лајка“.

Оттаму додаваат дека продолжуваат со интензивни теренски активности и апелираат до граѓаните и понатаму да пријавуваат проблематични локации, зашто, како што велат, само со заедничка соработка може долгорочно да се решава проблемот со бездомните кучиња.

 

ИЗДВОЕНИ