Под влијание на топла воздушна маса од југ, односно од Африка, во периодот од (среда 20 август) па до (петок 22 август) времето во Македонија ќе биде значително потопло и претежно сончево со појава на мала локална облачност. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, а во Повардарието како и во југоисточните предели температурите ќе надминуваат и 35 степени, односно во овие предели тие локално ќе се искачат до околу 38 степени.
Во Скопје и околината во погоре споменатиот период ќе биде стабилно, сончево и значително потопло со температура која ќе се искачува до околу 36/37 степени.
Во петок (22 август) ќе дува засилен ветер од западен и од југозападен правец кој ќе биде најава за нова поголема промена на времето за време на викендот (сабота и недела 23/24 август) кога ќе има локални врнежи од дожд и значително освежување на времето, односно продор на значително посвежа воздушна маса од север и истата ќе услови да дува повремено засилен ветер од северен правец, најизразен во Повардарието, се вели во најновата прогноза на Метеоаларм.