На 11 јули во Основниот суд Скопје 1 почнува судењето за коруптивниот скандал на Клиниката за Онкологија кој беше обелоденет од медиумите. Судскиот процес ќе го води судијката Снежана Марковска во големата судница на Кривичен суд. На обвинителна клупа ќе седнат четворицата доктори онколози кои им давале несоодветна терапија на нолните од рак, меѓу нив и поранешниот директор Нино Васев. Дел од пациентите од 60 -ната медицински досиеја нема да можат да сведочат бидејќи се починати. Обвинителството упати повик оние што се оштетени од несоодветниот третман да се јават во ОЈО Скопје и да сведочат за тоа како им било ускратено првото на лекување од 2018 со 2022 година. Во истрагата пред да се покрене обвинението за несоодветно лекување осомничените доктори не донеле докази во нивна корист. Остана уште обвинителна одлука за двајцата поранешни директори кои злоупотребиле набавки на лекови, а обвинителот Љупчо Коцевски најави нова истрага по ревизорскиот извештај од работењето на Онкологија во истиот период. (П.А)