Заканувачки пораки за масакр испратени до 400 училишта и болници во Романија

41

Речиси 400 училишта и болници во Букурешт и низ целата земја добија пораки со закани за крвави злосторства, од вчера вечерта до утрово. Испраќачот на пораките тврди дека е вооружен и дека планира масакр. Како што објавуваат романските медиуми, полицијата и тајните служби веќе направиле првични истраги и велат дека заканите се лажни и нема причина за загриженост.

Меѓутоа на училиштата и болниците им е наредено да ги зајакнат безбедносните мерки.

„Сите заслужувате да страдате, јас страдам секој ден, го мразам својот живот, па време е и вие да го почувствувате истото“, пишуваше во испратениот е-мејл.

Заканата стигнала до 388 болници и училишта во неколку окрузи, кои ја известиле полицијата, а во истрагата се придружила и романската разузнавачка служба. На полицијата и жандармите им е наредено повнимателно да ги следат образовните институции. Првите патроли пристигнаа во училиштата пред учениците да започнат со настава.

Спроведувањето на законот е засилено и во образовните институции и на улиците околу нив, а полицајците дури донесоа и кучиња трагачи.

„Пораката е сериозна. Да им веруваме на властите кои си ја вршат работата, да останеме будни, но да го спроведуваме образовниот процес во состојба што е можно поблиску до нормалата“, рече Даниел Давид, министерот за образование.

„Според прелиминарните податоци, нема индикации дека заканата е реална“, рече Крина Ешану од полицијата во Букурешт. Сепак, меѓу родителите се прошири паника.

По заканите, безбедноста е зголемена и на влезовите во медицинските установи.

ИЗДВОЕНИ