Заканите зачестија, Европа тера по свое: Најопасниот човек на светот ќе му помогне на Путин да нишани кон ЕУ, ако чепне во замрзнатите руски пари за да и помогне на Украина

645

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, предупреди дека наредните денови ќе покажат дали војната меѓу Русија и Украина ќе се приближи кон Европа. Лондонски „Тајмс“ во петокот информираше дека Велика Британија е подготвена да ѝ предаде на Украина околу 9,12 милијарди евра руски средства замрзнати на нејзина територија, додека министрите предупредуваат дека Путин е „активна закана“ за британските граѓани, безбедност и просперитет.  По заканите на Путин и на Медведев, чеченскиот лидер, Рамазан Кадиров, рече дека само чека наредба за да тргне со својата војска кон Европа. Европските земји, особено оние што се блиску до Русија, почнаа да ги засилуваат заштитните мерки 

 

Под ризик да биде воено нападната од Русија, Европската Унија не се откажува од својот главен план да ѝ помогне на финансиски исцрпената Украина со замрзнатите руски средства. На територијата на ЕУ се блокирани околу 210 милијарди евра руски пари, а најголемиот дел од нив се во Белгија.

Белгискиот премиер е одлучен да не попушти пред упорните барања на европските челници да ја изврши таа операција во страв од руска одмазда или ситуација Белгија сама да ги враќа парите. Против пренасочувањето руски пари кон Украина се и Словачка и Унгарија, чиј премиер, Виктор Орбан, во петокот изјави дека наредните денови ќе покажат дали војната меѓу Русија и Украина ќе се приближи кон Европа или „пламенот на војната ќе биде изгаснат засекогаш“. Во меѓувреме, украинската државна каса забрзано се празни и ја става земјата во опасност по Нова година да не може да се брани од руска агресија во случај мировните преговори, кои се во тек, да не дадат резултат. Лондонски „Тајмс“ во петокот информираше дека Велика Британија е подготвена да ѝ предаде на Украина околу 9,12 милијарди евра (осум милијарди фунти) руски средства замрзнати на нејзина територија, додека министрите предупредуваат дека рускиот претседател, Владимир Путин, е „активна закана“ за британските граѓани, безбедност и просперитет.

Колку повеќе се упорни членките на ЕУ во убедувањето на Белгија да одобри користење на руските пари за помош на Украина толку заканите за војна на Русија со Европа зачестуваат. Неодамна, прв со војна се закани рускиот претседател, Владимир Путин, кој рече: „Ако Европа сака војна, ние сме подготвени“. Тој го изјави ова иако не доаѓа никаква директна закана од Европа. Потоа се јави потпретседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, кој рече дека користењето на руските замрзнати средства од страна на ЕУ ќе се смета за причина за војна. Тој реагираше на планот за кој шефицата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, рече дека ќе му овозможи на Киев да „се одбрани и да ги продолжи мировните преговори од позиција на сила“.

– Ако лудата Европска Унија, по сè, сепак се обиде да украде руски средства замрзнати во Белгија, под маската на таканаречениот заем за репарација, Русија може да го смета овој потег еднаков на casus belli (чин што ја оправдува војната) со сите релевантни импликации за Брисел и за поединечните земји од ЕУ – напиша Медведев на „Икс“.

На овие закани се надоврза чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, кој важи за најопасен сојузник на Путин, но и за најопасен човек во светот. На социјалната мрежа „Телеграм“, тој напиша дека чека само наредба од рускиот претседател за да тргне кон Европа со својата војска.

– Секако, нема да стоиме на церемонија, Владимир Владимирович, чекаме наредба! Сето ова ќе заврши многу брзо и, очигледно, не е во корист на оние што решија да почнат војна со Русија. Имам едно прашање, Владимир Владимирович: „Ако почне сето ова, нема да ни се налутиш ако веднаш се извинат доброволно, нели?“ – порача Кадиров преку „Икс“.

По овие закани, одредени европски земји, особено оние што граничат со Русија или се наоѓаат во нејзина близина, ги засилуваат заштитните мерки. Во случај на потенцијален конфликт, за најранливи точки се сметаат балтичките држави Естонија, Латвија и  Литванија, кои често ги нарекуваат „прв фронт“ поради близината до Русија.

 

ИЗДВОЕНИ