Закани до Зеленски: „Ќе мора да се крие до крајот на својот безвреден живот“

103
EPA/EKATERINA SHTUKINA/ SPUTNIK/GOVERNMENT PRESS SERVICE / POOL MANDATORY CREDIT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не посакува смрт „само на една личност“, туку на цела Русија, објави денеска, заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

Медведев напиша на својот Телеграм канал дека Русија продолжува да постигнува победи на бојното поле.

„Изминатата година донесе многу различни, сложени и многу важни настани. Нашите вооружени сили продолжуваат храбро да го победуваат непријателот“, напиша Медведев, како што објави новинската агенција РИА.

Тој го оцени најважниот настан во 2025 година како фактот дека „сега сите разбираат дека победата на Русија е неизбежна“.

„Спротивно на западните предвидувања, нашата економија не се распадна, а рубљата се зајакна“, додаде Медведев, пренесува Танјуг.

Тој претходно изјави дека, по нападот со беспилотни летала врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, Зеленски ќе мора да се крие до крајот на животот.

Зеленски во објава на социјалните мрежи изјави дека со овој напад, Зеленски „се обидува да го саботира решавањето на конфликтот.

„Тој сака војна. Па, сега ќе мора да се крие до крајот на својот безвреден живот“, напиша Медведев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, во понеделник, коментирајќи го наводниот напад на украинските вооружени сили врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека одговорот на Киев на нападите нема да биде дипломатски и дека „тие не треба да се надеваат на тоа“.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека ноќта помеѓу недела и понеделник „Киев изврши терористички напад врз резиденцијата на рускиот претседател во регионот Новгород, користејќи 91 беспилотно летало“.

Тој рече дека „Русија ги утврдила целите за одмазднички напади, како и времето на нивното спроведување“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли тврдењата на Лавров за нападот со украински беспилотни летала врз резиденцијата на Путин.

Зеленски рече дека ова е „нова рунда лаги“, оценувајќи дека Русија се обидува да го поткопа напредокот во преговорите меѓу Украина и САД за прекин на војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ