Закана од радиолошки пекол и изгореници по кожата – итен извештај од Виена: Се шири гас кој е смртоносен ако се вдише

831
Foto: Pexels

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на Обединетите нации (МААЕ), Рафаел Гроси, денес изјави дека постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во главниот објект за збогатување ураниум во Натанц по израелските напади врз иранските нуклеарни објекти, иако нивоата на зрачење надвор од комплексот во моментов се нормални.

Гроси зборуваше на вонреден состанок на одборот на МААЕ во Виена, кој беше свикан на барање на Русија за да се разговара за израелските напади врз иранските нуклеарни објекти.

Итен состанок на МААЕ во Виена
– Зрачењето претставува значителен ризик ако ураниумот се вдишува или проголтува – изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Маријано Гроси, пренесува АП.

Според него, ризикот може ефикасно да се управува со спроведување соодветни заштитни мерки, како што е употребата на респиратори во објектот.

– Нивото на радиоактивност надвор од локацијата во Натанц остана непроменето и на нормално ниво, што укажува дека нема надворешна радиолошка контаминација опасна за населението или животната средина – рече Гроси.

Тој рече дека од саботата немало очигледни дополнителни штети во Натанц и на локацијата за нуклеарни истражувања во Исфахан.

Тој предупреди дека постои голема загриженост за можно истекување на токсичен гас од ураниум хексафлуорид во објектот во Натанц, кој се произведува со мешање на флуор со ураниум за време на процесот на збогатување.

Гасот е смртоносен ако се вдише
Овој гас е исклучително нестабилен, корозивен, може да предизвика изгореници на кожата и е особено смртоносен ако се вдиши, предупредуваат експертите.
– Во овие предизвикувачки и сложени околности, од клучно значење е МААЕ да добива навремени и редовни технички информации за објектите и нивните локации – рече Гроси.

Тој истакна дека без овие информации „МААЕ не може точно да ги процени радиолошките услови, да ги утврди потенцијалните ризици за населението и животната средина и не може да ја обезбеди потребната помош“.

Гроси рече дека инспекторите на Обединетите нации ќе дојдат во Иран и ќе ги проверат нуклеарните објекти „штом ќе се создадат потребните безбедносни услови“.

ИЗДВОЕНИ