Зајакнување на мерките против антисемитизмот

16

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, беа дел од самитот на градоначалници против антисемитизмот, кој се одржа во Париз.

– Самитот, со кој претседаваше градоначалничката на Париз, Ан Идалго, ги обедини градските лидери, креаторите на политики и претставниците на заедниците во нивната заедничка мисија за активно спречување на антисемитизмот во сите негови форми. Настанот претставува значајна платформа за акција, дијалог и за размена на искуства, нагласувајќи ја клучната улога на градовите во заштитата на граѓаните и во унапредувањето на квалитетот на заедничкиот живот – информираат од Општина Битола.

Оттаму додаваат дека во рамките на програмата, учесниците активно учествувале во панел-дискусиите и во работните сесии фокусирани на практичните стратегии, успешните локални иницијативи и на специфичните предизвици со кои се соочуваат општините при справувањето со омразата и дискриминацијата.

– Градоначалниците и општинските лидери ги споделија своите практични искуства, политички пристапи и дискутираа за можностите за прекугранична соработка, која може да ги зајакне едукацијата, безбедноста и довербата во заедницата – велат од Општина Битола.

Самитот имал цел да го поттикне развојот на заеднички решенија, да ја засили солидарноста меѓу градовите и да ја нагласи важноста на локалното дејствување во борбата против антисемитизмот.

Во рамките на посетата на Париз, градоначалникот Коњановски и секретарот Димитровски оствариле средба со амбасадорот на Македонија во Франција, Игор Николов, во македонската Амбасада.

 

ИЗДВОЕНИ