Веројатно сте пробале многу колачи со сливи и праски, некои печени со круши и смокви, но дали некогаш сте пробале колач со грозје?
Ако не сте, сега е време да го направите тоа. Слободно користете грозје по ваш вкус, а ние препорачуваме некои покрцкави сорти црвено грозје кои ќе бидат совршен додаток на слаткиот и мек колач. Еве еден едноставен рецепт, кој го копиравме од Zadovoljna.hr.
Сочен колач со грозје
Состојки:
4 големи јајца
200 грама путер
200 грама шеќер во прав
250 грама обично брашно
1 лажичка прашок за печиво
400 грама црвено грозје
малку путер и брашно за подмачкување на плехот за печење
Подготовка:
Измијте го грозјето и одвојте ги семките од стеблата. По желба, премачкајте го плехот со путер и брашно. Вклучете ја рерната на 180 степени Целзиусови.
Матете го шеќерот и путерот на собна температура со миксер или жица за матење околу две до три минути, додека не добиете мазна смеса. Потоа додавајте ги јајцата едно по едно, полека матејќи ја смесата добро по секое.
Додадете го брашното во кое претходно сте го измешале прашокот за пециво и соединете ја смесата.
Додадете половина од грозјето во смесата и измешајте со шпатула или лажица. Распоредете ја смесата на плехот, а одозгора посипете го остатокот од грозјето.
Ставете го плехот во рерна загреана на 180 степени Целзиусови. Печете околу 40 минути, додека колачот не добие темно златно-жолта боја и рабовите не се одвојат од плехот.
Оставете го малку да се олади, исечете го на коцки, посипете со шеќер во прав, по желба, и послужете.
Уживајте!