Захарова: Постапките на Западот го поткопаа интегритетот и мирот на Украина

70
Фото: EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова повтори денеска дека постапките на Западот доведоа до поткопување на интегритетот и мирот во Украина.

Захарова рече дека Западот, поткопувајќи го меѓународното право, ја доведе ситуацијата во Украина до точка на невозможност за зачувување на територијалниот интегритет и мирот коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш кој рече дека „неуспехот во постигнувањето праведен мир во Украина, земајќи го предвид зачувувањето на нејзиниот територијален интегритет, ќе доведе до подривањер на меѓународното право и ќе предизвика хаос во светот.“

„Генералниот секретар на ОН ја наруши причинско-последичната врска – се е обратно. Ова подривање на меѓународното право го доведе во невозможност зачувувањето на територијалниот интегритет и мирот во Украина“, укажа Захарова, пренесе ТАСС.

Таа наведе дека колективниот Запад го подриваше меѓународното право во Украина „мешајќи се во внатрешните работи, со дикретно влијание на изборите, со подмитување функционери, со стимулирање на агресивен национализам, со кршење на човековите права, со милитаризација на Украина, со неспроведување на одлуката на Советот за безбедност на ОН и така натаму“, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ