Киев подготвува пеколен план за украинските бегалци, тврди Захарова

162
EPA/ROBERT GHEMENT

Киев е подготвен да посегне по сите средства, вклучително и информативни провокации, за да ги врати младите Украинци од европските земји како потенцијални регрути, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува „Спутник“.

Според неа, иако забраната за излез за мажи на возраст од 18 до 22 години е формално укината, режимот во Киев се обидува да ги врати „побегнатите“ Украинци во земјата, потпирајќи се на растечкото расположение во ЕУ за намалување на социјалните бенефиции и преференциите за Украинците.

Захарова нагласи дека Киев, исто така, го дава приоритет на прогонот на сопствените граѓани, наведувајќи дека украинското Министерство за надворешни работи планира да контактира со НАТО и ЕУ за да побара екстрадиција на украински граѓани кои се во притвор или издржуваат казни во земјите од ЕУ.

„Киевската ‘багра’ е подготвена да направи сè за да ги врати потенцијалните регрути и да ги испрати на фронтот“, нагласи Захарова, додавајќи дека за таа цел се подготвуваат нови провокации и чекори.

ИЗДВОЕНИ