Европските земји мора да ги вратат замрзнатите руски средства ако не сакаат да бидат познати како крадци, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
„Само Русија има право да одлучи што ќе се случи со нејзините средства, а оние во чии раце нелегално се наоѓаат парите на Руската Федерација мора да ги вратат или да се соочат со најстрог одговор“, наведе Захарова на Телеграм.
Одговорот на Захарова доаѓа по изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека Европа има право да располага со замрзнатите руски средства.
Земјите-членки на ЕУ се обидуваат да развијат правни механизми за користење на замрзнатите руски средства. Поголемиот дел од средствата – нешто повеќе од 200 милијарди евра – се блокирани во Белгија на сметките на компанијата „Евроклеар“.
„Евроклеар“ постојано повторува дека се спротивставува на експропријацијата на овие средства, предупредувајќи дека тоа може да доведе до тоа Русија да заплени европски или белгиски средства во други делови од светот.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека Москва нема да ги остави обидите за конфискација на рускиот имот без одговор.












