Повеќе од една деценија речиси никој ништо не знае за здравствената состојба седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер. Само мал број луѓе, пред сè од потесното семејство, го имаат видено и знаат во каква состојба е.Тој имаше сериозната несреќа на скијање на 29 декември 2013 година, во која се здоби со тешка повреда на мозокот. Неговата состојба оттогаш останува нејасна, а неговото семејство, особено неговата сопруга Корина, воведе строга забрана за објавување информации за неговото здравје.

Ричард Хопкинс, поранешен шеф на Ред бул и поранешен соработник на Шумахер, рече дека молчењето на семејството и фактот дека нема вести пет години предизвикуваат голема загриженост.

  • Навистина е штета и би сакал да знаеме повеќе. Колку повеќе време поминува без вести толку повеќе се плашам дека не е добра ситуацијата – истакна Хопкинс.

Покрај тоа, блиски пријатели како Флавио Бријаторе рекоа дека Шумахер наводно комуницира само со очите и се чини дека е прикован за кревет. Елизабета Грегорачи, некогаш поврзана со Бриаторе, исто така потврди.

  • Михаел не зборува, комуницира само со очите – истакна неодамна Елизабета.

Жан Тод, поранешен шеф на Ферари и долгогодишен пријател на Шумахер, често го посетува. Тој не откри детали, но рече дека животот на Михаел повеќе не е ист каков што бил пред несреќата, но дека има добра нега дома, од своето семејство.

На почетокот на годинава се појавија тврдења дека тој присуствувал на свадбата на својата ќерка на Мајорка, но подоцна беше демантирано ова од блиски извори како што е Џони Херберт. Исто така, беше откриено дека само 20 лица имаат пристап до Шумахер во неговата домашна средина, вклучувајќи ја неговата сопруга Корина, синот Мик, братот Ралф, Жан Тод и Сабине Кем, како и медицинскиот персонал.

ИЗДВОЕНИ