Статус на социјална мрежа во кој малолетно лице најавувало можна намера за самоубиство предизвика итна реакција на надлежните служби, по што детето бело лоцирано и пронајдено безбедно.
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека Секторот за компјутерски криминал, при редовен мониторинг на дигиталниот простор, детектирал објава со сериозно загрижувачка содржина. Веднаш биле преземени координирани мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на корисникот.
За кратко време малолетникот бил пронајден, извршен е разговор и утврдено е дека е во добра здравствена и психофизичка состојба. За настанот се известени и родителите, кои се запознаени со понатамошните чекори.
Од МВР апелираат до родителите да одржуваат редовна комуникација со своите деца и да обрнуваат внимание на нивните активности на социјалните мрежи, особено при појава на повлеченост, вознемиреност или објави со загрижувачка содржина.
Навремената реакција, потенцираат од институцијата, може да спаси човечки живо












