Синоќа околу 21:45 часот, на автопатот А3 Брегана-Загреб-Липовац, Хрватска, се случи сообраќајна несреќа во која загинаа две лица, а уште две се тешко повредени. Како што пишува хрватски „Индекс“, идентитетот на сите лица сè уште се утврдува, а најверојатно станува збор за мигранти.
Тројца неидентификувани мажи и една жена, кои биле пешаци, трчале преку патот, кога биле удрени од два автомобила, соопшти полицијата утрово.
Двајца пешаци загинале на местото на настанот, додека еден маж и една жена биле пренесени во Општата болница во Нова Градишка, каде што им биле укажани тешки повреди. Патник од еден од автомобилите бил полесно повреден во инцидентот.
Телата на мажите биле пренесени во Општата болница Сисак, каде што ќе бидат извршени обдукции.











