Британските мотоциклисти Шејн Ричардсон (29) и Овен Џенер (21) загинаа за време на трка во Британското Суперспорт првенство, на патеката „Оултон парк“. Во катастрофалната несреќа учествувале 11 возачи, шест од нив биле пренесени во болница, а најтешко поминал 47-годишниот Том Танстал, со сериозни повреди на грбот и стомакот, додека тројца учесници во несреќата останале без некои сериозни повреди, пишуваат британските медиуми.

  • На почетокот од трката, во првата кривина, се случи верижен судир во кој учествуваа 11 возачи. Трката беше веднаш прекината, а медицинскиот персонал реагираше. Несреќата беше катастрофална, па трката беше прекината. Истражуваме што точно се случило, се вели во соопштението на организаторите на трката.

ИЗДВОЕНИ