Алексеј Долгих (36), еден од најпознатите крипто трговци во Русија, загина во тешка сообраќајна несреќа во Москва кога со голема брзина удрил со своето Ламборџини во заштитна ограда. По ударот, автомобилот се превртел и се запалил, а сведоци известуваат дека банкноти летале преку патот додека возилото горело.
Според руските медиуми, Долгих возел со околу 145 километри на час. Во автомобилот имало уште тројца патници – еден од нив, Иван Соловјов, исто така починал на местото на настанот, додека Никита Тезиков и Кирил Мохалов биле тешко повредени и хоспитализирани.
Alexei Dolgikh, a Russian crypto millionaire, has died after his Lamborghini Urus caught fire after flipping over on a highway in Moscow. pic.twitter.com/m2k8gy1WOo
— TVP World (@TVPWorld_com) November 10, 2025
Долгих бил познат како еден од најуспешните крипто трговци во Русија, но и контроверзна личност. Во последните месеци, наводно, тој е ставен на црната листа на руските банки поради сомнение за перење пари. Откако го купил Ламборџинито пред само 15 месеци, тој собрал 586 сообраќајни казни – повеќето од нив за пребрзо возење.
Несреќата се случила во раните утрински часови во недела. По судирот, автомобилот се превртел на покривот и се запалил, а делови од возилото летале преку мост. Очевидци ја опишаа сцената како застрашувачка – купишта пари беа расфрлани по патот додека возилото гореше.
Државниот сообраќаен инспекторат потврди дека Долгих ја изгубил контролата врз возилото, поради што се превртело и се запалило за неколку секунди. Московското обвинителство соопшти дека две лица загинале, а две други се хоспитализирани, и дека околностите на несреќата сè уште се истражуваат.












