Загина познатата турска пејачка Ѓулу – падна од балконот

74

Омилената и популарна турска пејачка, 52-годишната Ѓулу  трагично почина денес откако падна од балконот на нејзината куќа. Почина на самото место.

Веста ја потврди нејзиниот аранжер, Мустафа Арапоглу. Семејството е во голема тага, како и нејзините обожаватели ширум светот, па така и во Македонија. Тие веднаш ги демантираа гласиштата за самоубиството. Синот на русокосата пејачка истакна дека станува збор за тотално несреќен случај. Тој најави дека информации за погребот на Ѓулу ќе бидат споделени утре преку „Инстаграм“.

Ѓулу е родена во Истанбул. Имала тешко сиромашно детство.  Со пејачката кариера започнала уште како тинејџерка, настапувајќи во ноќни клубови и во сали за венчавки. Со текот на годините, таа стана една од најпознатите и најомилените пејачки и тоа не само овде, на Балканот. Зад себе остава неизбришлива трага на музичката сцена.

 

ИЗДВОЕНИ