понеделник, февруари 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Загина млад возач од кривопаланечко: Удрил во куче и преминал на спротивната...

Загина млад возач од кривопаланечко: Удрил во куче и преминал на спротивната лента во директен судир со друго возило

41

Дваесет и петгодишник загина во сообраќајна несреќа што се случи вчера кај Старо Нагоричане.

-На 15.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане, патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од село Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од село Длабочица, кривопаланечко, информираа од полицијата.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

ИЗДВОЕНИ