Загина 52-годишен маж во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

47

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на регионалниот пат Битола-Ресен кај месноста Макази, во која загина 52-годишен маж по потекло од Битола, а има и други повредени лица.

Сообраќајката настанала меѓу две патнички возила, едното со странски, а другото со охридски регистерски таблички. Од ударот едното возило е опожарено.

Во тек е увид на местото на настанаот, а патот од 13,20 часот е затворен за сообраќај.

 

ИЗДВОЕНИ