Откако се случија пожарите на поранешната депонија „Вардариште“, на „Дрисла“, па во Трубарево, скопјани потрчаа до најблиските продавниците да побараат чаре од многу загадениот воздух. Особено по препораките од здравствените работници до граѓаните да не излегуваат и да седат во затворено по хавариите што се случија во Скопје, наголемо се бараат прочистувачи на воздух. Нивната продажба во последниов период е драстично зголемена, иако, како што велат од продавниците, сè уште не е сезона на купување. Од „Техомаркет“ велат дека резервата што ја имале, а не била голема, бидејќи сè уште е лето, кога е мала побарувачката на прочистувачи на воздух, е целосно потрошена. Таму, цените на прочистувачите на воздухот почнуваат од 10.000, но има и поскапи, од 30.000 денари
Откако се случија пожарите на поранешната депонија „Вардариште“, на „Дрисла“, па во Трубарево, скопјани потрчаа до најблиските продавниците да побараат чаре од многу загадениот воздух.
Особено по препораките од здравствените работници до граѓаните да не излегуваат и да седат во затворено по хавариите што се случија во Скопје.
Наголемо се бараат прочистувачи на воздух. Нивната продажба е драстично зголемена во последниов период, иако, како што велат од продавниците, сè уште не е сезона на купување.
Од „Техомаркет“ велат дека резервата што ја имале, а не била голема, бидејќи сè уште е лето, кога е мала побарувачката на прочистувачи на воздух, е целосно потрошена.
– Ќе добиеме нови прочистувачи на воздух до петок. Уште дента кога се случи пожарот во Трубарево, потрошувачката нагло се зголеми и уште продолжува побарувачка за нив – велат од „Техномаркет“.
Таму, цените на прочистувачите на воздух почнуваат од 10.000, но има и поскапи од 30.000 денари.
– Оние од 12.000 или 13.000 денари се сосема солидни, а и цената е прифатлива – тврдат од „Техномаркет“.
И од „Синпекс“ потврдуваат дека има зголемена потрошувачка на прочистувачите на воздух. Велат дека се барани, особено во последнава недела, поточно од 8 септември досега.
– Побарувачката на прочистувачи на воздух обично е зголемена во есен и во зима, додека во лето е помала, но сега невообичаено се трошат. Од осми септември досега, продадени се околу 20 прочистувачи на воздух – тврдат од „Синпекс“.
Цените на прочистувачите на воздух тамусе движат од 3.000 до 9.000 денари.
И во „Нептун“ велат дека деновиве имаат многу поголема побарувачка на прочистувачи на воздух, чија цена кај нив се движи од 11.999 до 39.000 денари.
Истото го велат и од „Паксон“, каде што цените на прочистувачите на воздух се движат од 23.500 до 34.100 денари.
(А. П.)












