Заедно се бориме за твоите работнички права

44

Сојузот на синдикатите на Македонија започна со кампањата „Заедно се бориме за твоите работнички права“, со цел поттикнување на работниците не само да се запознаат со своите права од работниот однос туку и да се борат за нивно остварување и заштита со ССМ како нивни активен сојузник.

За таа цел, Сојузот на синдикатите на Македонија веќе ја креираше својата мобилната апликација „ССМ – Мои работнички права“, која им овозможува на работниците и граѓаните бесплатна правна помош за заштита на нивните работнички права, и тоа само со еден клик на мобилниот телефон.

– Преку нашата апликацијата, може да се пријави прекршено право за себе и за друго лице. Пријавувањето е анонимно, може и да комуницирате со нашите претставници, но и да следите вести и да добиете правни совети од ССМ. Работничкото право не е некаква подарена привилегија од работодавците, туку право обезбедено со синдикална борба, утврдено во закон и во колективен договор – велат од ССМ.

Оваа кампања е спроведена во партнерство со Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје за целосна заштита на идентитетот на работниците што се обратија до ССМ за остварување и заштита на своите работнички права. Нивните случаи беа презентирани од синдикалните активисти на Сојузот на синдикатите на Македонија.

ИЗДВОЕНИ