Националните агенции на Македонија и Малта во Валета потпишаа Меморандум за соработка и со овој документ нашата земја воспоставува сојузништво кон непосредно искористување на најголемите дотации од европските фондови преку програмата КА3 – која обезбедува поткрепа за проекти од стратешко значење, значителен обем и долготраен импакт, особено крупни инвестиции во областа на образованието, науката, младите и спортот.
Меморандумот го потпишаа директорот на Националната агенција на Македонија, Петар Богојески со неговиот малтешки Рафаел Скери.
– Се отворија нови перспективи за нашите образовни институции, организации и компании, кои досега не пристапуваа до ваков вид грантови и инвестиции. Со овој потег, се приклучуваме на повисоко ниво на европско партнерство и овозможуваме пристап до средства што значат вистински развој, конкретни резултати и нови можности за младите, наставниците, истражувачите и иноваторите – се наведува во соопштението на Агенцијата.
Партнерството со Малта, како пријателска и успешна држава-членка на Европската Унија, се додава понатаму, претставува пример за мудра дипломатија и ефикасно експлоатирање на европската солидарност и средства. Во таа насока, активно дејствуваа и м-р Срѓан Каранфиловски, координатор за меѓународна соработка во НАЕОПМ и претставниците на граѓанскиот сектор, дел од македонската делегација.
– Македонија денес прави значаен чекор напред кон европско знаење, кон конкурентно образование и европска иднина. Македонија и Малта – заедно кон европски успех – се потенцира во соопштението.