Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша нов налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации кои нудат игри на среќа без соодветна лиценца.
– Со најновиот чекор се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што го зголемува вкупниот број на забранети страници на 307 – соопштија од Министерството за дигитална трансформација.
Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која има рок од пет дена да го пренесе до операторите на електронски комуникациски мрежи за негово спроведување.
– Континуирано ќе преземаме мерки за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа, со цел заштита на граѓаните и унапредување на безбедноста во дигиталниот простор – истакнаод Министерството.
Со оваа акција, властите ја засилуваат контролата врз дигиталниот сектор и ја потврдуваат заложбата за одговорно и безбедно онлајн опкружување.












